Животна училница // Приказни
Да бидеме херои за оние во униформите ние дома со пижамите
- 20 Март, 2020
Кај сите се буди свеста, расте совесноста за опасноста од кронавирусот кај секој од нас, особено се загрижени оние чии родители, сопружници, деца се во првата борбена линија-здравствените работници.
Останете дома, за нив, за себе, за сите нас, апелираат редовно граѓаните. Со посебна порака и апел и „bibiribi“ на Инстаграм:
„Тие луѓе имаат семејства, вие имате семејства, сите сме заедно во ова, да бидеме сите супер херои и да им помогнеме на оние во униформите ние од дома со пижамите!
Мајка ми професор доктор на Инфективната Клиника во Скопје, сега дојдена од работа, ја натерав со триста молења да се облече за да ја сликнам, до 3ца да допре пораката сме направиле многу!“.