Да се стремиме кон тоа да бидеме успешни и исполнети на полињата кои ние сакаме, а не за кои општеството налага: Бојана Димчова за Женски магазин
Бојана Димчова е млада 23 годишна дама која зрачи со убава енергија. Иако е студентка, пред себе има поставено сигурни цели кои амбициозно сака да ги оствари.
Како инфлуенсерка смета дека надворешната убавина е онаа која ни го привлекува првото внимание, но не е само истата доволна за впечатокот и понатаму да остане позитивен, има многу повеќе во внатрешната убавина.
„Силна, независна и мотивирана секогаш да научи нешто ново. Треба да се стремиме кон тоа да бидеме успешни и исполнети на полињата кои ние сакаме, а не за кои општеството налага“ - вели таа на прашањето како треба да изгледа денес современата дама.
Во редовите подолу читате за нејзините ритуали за убавина.
* Каков е Вашиот дневен козметички ритуал?
-Негата за моето лице почнува уште од самото будење. Покрај миењето со вода употребувам и мицерална вода од Eucerin, сапун и крема која одговара на моето суво лице па потоа нанесувам шминка. Пред спиење задолжително шминката ја бришам исто така со водата од Eucerin, користам серум околу очи и крем за лице.
* Со какви препарати го негувате лицето?
-Главно користам креми за суво лице.Имам доста сува кожа па постојано испробувам различни креми и серуми за хидратација. Веќе ја споменав мицералната вода од Eucerin, креми за лице од Vichy, Bioderma , Uriage и мн други..
*Посетувате ли козметички салони?
-Ретко посетувам козметички салони. Сè уште не чувствувам потреба.
*Кои производи ги употребувате за нега на коса?
-Косата е круна која ја краси секоја жена. Квалитетната коса е резлутат на повеќе фактори , правилна исхрана и правилна нега. За мојата коса се грижат од салонот „Studio Dior“. Ја имаат целата моја доверба. Кај квалитетот на косата забележав подобрување кога почнав често да ја потстрижувам, претходно од пуста желба за долга коса постојано се грижев да не ја скратам премногу, но сега практикувам потстрижување максимум на два три месеца. Посветувам доста време и внимание на мојата коса. Сакам да имам секогаш сјај и живост на косата, а тоа го постигнувам со производите на Loreal,Revlon,Kerastase,Garnier..
*Што сакате да прикриете, а што да истакнете со шминка?
-Грижата за себе почнува од оној момент кога вистински се прифаќаме себе си, така што не постои нешто што би сакала да го сокријам со шминка. И предностите и мааните се наш заштитен знак и нѐ прават уникатни и посебни. Секогаш ги истакнувам своите очи и усни.
*Кои се Вашите омилени козметички производи?
-Има доста козметички производи кои ги задоволуваат моите потреби, но омилени ми се производите на Maybelline, Kiko Milano , Revolution, Aura , Gosh..
*Што носите секогаш во Вашиот несесер?
-Во мојот несесер секогаш има молив за уста, четка за веѓи и за коса, маскара, огледалце и секако парфем.
* Омилен парфем?
-Постојано ги менувам парфемите и не успевам да го пронајдам оној со кој би се идентификувала, но во моментов ми се допаѓа „Giorgio Armani My Way“.
*Како ја одржувате линијата?
-Физичката активност мислам дека е пресудна за добра линија. Умереност во јадењето, а морам да признаам дека повеќе сакам „нездрава” храна. Но за моја среќа, имам добра генетика.
* Како би се опишале себе си? Што е она што Ве движи напред?
-Себеси би се опишала како храбра девојка која постојано е подготвена за некои нови предизвици. Преферирам да поминувам повеќе време со луѓе коишто шират позитивна енергија, а исто така секогаш се трудам и јас позитивно да влијаам на другите околу мене. Како негативни карактеристики би одвоила дека сум многу тврдоглава и горделива..Нешто што ме движи напред е тоа што сум многу амбициозна и доста упорна за тоа што сакам да го добијам и секако тоа што сум лав во хороскоп. Секогаш сакам однапред да го организирам времето и активностите коишто ќе ги правам во текот на денот. Постојано имам поставено некои цели и се трудам максимално за да ги постигнам истите, а доколку е потребно и да се жртвувам од одредени работи.
* Дали надворешната убавина е пресудна за оставање на прв впечаток?
- Апсолутно НЕ ! Надворешната убавина е онаа која ни го привлекува првото внимание, но не е само истата доволна за впечатокот и понатаму да остане позитивен, има многу повеќе во внатрешната убавина. Речиси секогаш прво го забележуваме физичкиот изглед, но само за миг. Можете да зборувате со некој една минута и да ги имате првите импресии, но како што разговорот продолжува ќе ги запознаете нивните карактеристики, дури и кога не сте свесни за тоа. Токму тоа ги прави луѓето убави и шармантни. Внатрешната убавина ви помага да ја цените надворешната убавина. Убавината не е во окото на гледачот. Убавината е во нас самите. Она што другите го гледаат кога ќе погледнат во нас е проекција на она што ние сакаме тие да видат. Убави сте ако мислите дека сте убави. Атрактивни сте ако мислите дека сте привлечни. Сите ја гледаат вашата проекција на она што вие го гледате кога ќе се погледнете во огледало.
* На која дама ѝ се восхитувате и зошто?
-Дамата на која ѝ се восхитувам е мојата мајка. Пред се поради тоа што е успешна како мајка, сопруга и успешна во се она што го работи. Таа е многу издржлива, храбра и секогаш пожртвувана за својата фамилија. Голема подршка ми е во се што правам и постојано се труди да ми даде насока за донесување на вистинските одлуки. Мило ми е што имам добар пример на кој што можам да се угледам.
* Каква треба да е современата жена?
- Силна, независна и мотивирана секогаш да научи нешто ново. Треба да се стремиме кон тоа да бидеме успешни и исполнети на полињата кои ние сакаме, а не за кои општеството налага. За мене современата жена е онаа која не зависи од никој за ништо. Да е независна и сама да си го создава и диктира својот живот и притоа да зрачи со голема самодоверба.
Ирена Ставрова