Дали Македонците ќе ги откажуваат одморите во Египет откако туристки починаа по напад од ајкула?

Од туристичките агенции во земјава се плашат дека во наредните денови ќе има откажување на одмори во Египет, затоа што таму починаа туристки откако ги нападнала ајкула. Сметаат дека за неколку дека ќе имаат попрецизна слика за состојбата.

Иако Египет е популарен за македонските граѓани, сепак стравот и паниката си го прават своето. Доколку дојде до откажување на аранжмани, агенциите ќе трпат загуби. Во регионот, веќе паднаа цените за одмори во Египет, односно има попусти за 15 отсто, баш поради најновите случувања.

„Туризмот е многу чувствителна гранка, и таквите агресивни медиумски објави влијаат на психата на луѓето. Кога одиме некаде, треба да ги почитуваме правилата каде и кога смееме да се капеме, а во овие случаеви имало непочитување. Инаку, јас сум човек кој посветува внимание детално да им објасни на луѓето сè што ги интересира, така што кога ќе бидат информирани ќе имаат пореална слика“, раскажува Даниела Трифуновска, сопственичка на агенцијата „We travel” од Струмица.


Детали на Фактор тука.