Моден фокус // Шминка
Дами не претерувајте со шминка, еве зошто
Подлогата која се нанесува пред ставање пудра, го изедначува тенот и ги прикрива неправилностите. Таа може да биде течна, кремаста или тврда, и се користи за шминката да трае подолго.
Разликата меѓу обичната крема за лице и подлогата за пудра, е огромна. Подлогата ги прикрива недостатоците на кожата, и за разлика од кремите кои ја хидрираат кожата, тоа ги затвора порите. Затоа подлогата не треба да се употребува секојдневно.
Можете и да ја нанесете врз кремата, па дури и без пудра, доколку самата подлога не содржи хидратантно дејство.
Но, ако користите светли подлоги, кои се посебно популарни летен период, обрнете внимание на сјајот кој преку ден може да биде претеран.Пудра во прав може да го намали сјајот.