ДЕЦАТА СЕ УБИЕНИ ДОДЕКА СПИЕЛЕ: Видеа од градинката каде се случи незамисливото злосторство

На социјалните мрежи се појавуваат првите видеа пред градинка во Тајланд каде поранешен полицаец уби 31 лице, меѓу кои 22 деца.

Очајни членови на семејства на убиени деца се собираат пред градинката во која се случи незамисливото злосторство.

На видеата се гледа шокантна ситуација пред градинката, многу луѓе, најверојатно родители, гушкани деца.

На земја има голем број тела покриени со чаршафи, додека мајките на повредените деца врескаат.

Панија Камраб, поранешен полицаец, е осомничен дека упаднал во градинката околу 12:30 часот по локално време и почнал да пука и да ги прободува децата и вработените.

Детали читајте на Фактор тука.