Дедо (91) со брутални пораки за внуката: Ако не најдеш партнер до 29 години, најверојатно ќе умреш сама

Една девојка ги сподели бруталните пораки на својот дедо (91) за нејзиниот љубовен живот, но и за нејзиното здравје.

Постарите членови на семејството честопати знаат да се мешаат во љубовниот живот на помладите. Иако мислат најдобро, тие понекогаш можат да бидат премногу нападни и отворени.

Меган Елизабет, на видео на ТикТок, покажа неколку пораки што ги добила од нејзиниот дедо, а со тоа видеото многу брџзо стана вирално.

Имено, нејзиниот дедо има особено отворен и искрен начин на зборување, а пораките ја насмеаја добро, па ги сподели.

„Дедо овде. Прочитав една статија во која се вели дека ако не најдете животен партнер до 29-та година од животот, најверојатно ќе умрете сами. Твојот роденден доаѓа за три месеци, само сакав да те потсетам. Те сака дедо“, се вели во пораката.

Покрај љубовните совети, нејзиниот дедо има уште неколку други.

„Меган, овде е дедо. Се надевам дека ќе ги задржиш изгубените килограми. Запомни, срцевите заболувања се чести во нашето семејство. Те сака дедо", ја советувал во една порака, а во друга додал:

„Здраво Меган, ова е твојот дедо. Се надевам дека не пиеш многу. Сум видел на вестите дека продажбата на алкохол се зголемила затоа што луѓето се депресивни. Те сакам засекогаш, дедо".


Нејзиното видео брзо стана вирално, а многумина се смееја на начинот на зборување на нејзиниот дедо. „Сè звучи грубо, но знаете дека тој го пишува од срце“, коментира еден корисник, додека друг корисник додава: „Тој ве сака и само сака да се осигура дека сте добро“.


Фото и Видео: ТикТок