Денес е Чист понеделник: Жените не треба да готват, а за среќа и благосостојба направете го ова

Стар обичај е на чист понеделник да се исчисти и расчисти куќата од неред за да владее мир и радост во неа.
Првата недела од Великиот пост се нарекува Чиста недела, а чистиот понеделник го означува почетокот на Великиот пост, кој трае до Велигден. Ннаречена е Чиста недела бидејќи се верува дека во текот на оваа недела душата се прочистува преку молитви, добри мисли и добри дела.
Оваа недела е пост, пред се на вода, а покрај чистењето на телото, правило е да се посветите и на состојбата на срцето. Се верува дека простувањето, покајанието за лошите дела, солзите и вистинската вера во добрината помагаат да се врати внатрешниот мир.
Стар обичај е на чист понеделник да се исчисти и расчисти куќата од неред за да владее мир и радост во неа. Се веруваше дека секоја работа започната на Чиста недела ќе донесе успех, радост и просперитет.
Во домот не треба да се „пали оган“, бидејќи жените ништо не готват, јадат однапред подготвена храна.
Мажите, вели обичајот, треба да се воздржуваат од храна додека не се стемни.
Добро е да ја исчистите куќата денес, да ги шишате децата, а возрасните да се избричат. За добар напредок во бизнисот, нека се започнат големи работи.
Жените во селата одат на полињата и фрлаат жито за да ги задржат посевите без плевел. Порано домаќинките не пределе и не дозволувале луѓето да јадат со лажица за птиците да не ги напаѓаат приносите.
Во минатото, семејствата се собирале навечер околу масата за време на Чистата недела, а децата правеле пуканки. Има верување дека на оној кој прв ќе влезе во куќата на чист понеделник треба да му се даде подарок.
Првата недела на постот се вика Недела на Православието. Втората е Недела на свети Григориј Палама. Третата е Крстопоклона – Недела на Чесниот Крст, кога вернициите се поклонуваат и го целивааат изнесениот крст на богослужбата. Четвртата е на свети Јован Лествичник и во неа се преминува средината на постот. Петтата е на света Марија Египќанка. Шестата седмица е Цветна (Цветници), наречена така според цвеќето и зелените гранчиња што ги фрлале децата и луѓето пред Христа при Неговото влегување во Ерусалим. Седмата е последна седмица пред Велигден, наречена Страдална, Страстна или Велика недела.
Веќе се најавува блискоста на Велигден. Деновите во таа седмица се именуваат како Велики: Од Велики понеделник, до Велика сабота. Секој ден е поврзан со настаните од последните дни на Господа Исус Христос. Особено се значајни последните три дена:
Велики четврток, кога бил фатен по Тајната вечера.
Велики петок, кога бил суден, тепан, мачен, распнат, умрел и бил погребан. Единствено тогаш пред луѓето се изнесува Плаштеницата со која било обвиткано и погребано Христовото тело.
Велика сабота е последниот ден и последната подготовка за Празникот над празниците, а Христос е во гробот од каде ќе воскресне.
Фото: Freepik.com