„Денес го оставив сопругот. Ги спакував нашите 4 деца, му напишав проштално писмо...“

„Ги спакував нашите 4 деца, напишав проштално писмо и возев 3 часа до хотелот. Денеска го оставив сопругот.

Јас и мојот сопруг редовно одиме кај брачен советник. Тоа не ни помогна.

Но, тоа не е како што мислите. Мојот сопруг е многу вреден работник, неговите хобија се вртат околу работата, неговите разговори се вртат околу работата.

Но, тој изгоре.

Деновите се претвораат во недели, кои се претвораат во месеци, кои се претвораат во години. Поточно 10 години.

Десет години напорна работа и враќање дома каде и луѓето и животните зависат од вас, не само за материјална, туку и за емоционална, физичка и духовна поддршка.

Нема слободни денови. Нема одмор. Ова не е можно кога водите сопствен бизнис и водите семејство.


Зошто го споделувам ова?

Зашто, покрај мојот однос со Господ, најважен ми е односот со мојот сопруг.

Затоа што не е популарно да се фалат мажите со пораки.

Затоа што повеќето жени превртуваат со очите кога некој ќе каже дека на таткото му треба одмор.

Но, тоа е вистината.

На мажите им се потребни моменти на одмор и освежување.

Особено кога го носат товарот на семејството на нивните широки плеќи.

Затоа денеска го оставив сопругот.

Собрав четири возбудени деца, му напишав проштално писмо и му посакав заслужен одмор. Ќе се видиме утре. Возев три часа во спротивна насока... затоа што го сакам мојот сопруг и тој треба, всушност, заслужува пауза, исто како и јас.

Затоа што на крајот децата ќе си заминат, некој ќе ја преземе работата, а само ние двајца ќе останеме. Но, за да се случи тоа, мора да закочиме за да не се скршиме.

Нашите сопрузи не се кревки, но се изморуваат и се истрошуваат. Сакајте ги правилно“.

Автор: Стефани Холбрук;

Извор: Фејсбук / Faithit.com


Foto: Facebook