Денес маестро Џамбазов ќе наполнеше 86 години: „Довидување, збор што значи врати се ти“ - Игор емотивно за роденденот на татко му

Поминаа девет дена од ненадејното заминување на маестро Александар Џамбазов. Македонскиот диригент и композитор, великан на современата македонска музика е роден во Стапар3 февруари 1936 година, а денес требаше да полни 86 години.

„Денес, маестро Џамбазов ќе наполнеше 86 години.
Ова е еден од неговите најубави рефрени...
Довидување, маестро мој...“
 - напиша Игор за денот кога требаше да биде роденденот на татко му, пеејќи ја песната „Довидување“.

Инаку „Довидување“ е една од забавните мелодии компонирана од маестро Џамбазов во 1969 година.

„Стариот мој...како да сака да ме гушне...“


„За некои луѓе, смртта е само ваучер за во вечноста...“


Маестро Џамбазов музичка академија завршил во Белград, а целиот работен век го минал во Македонската радио-телевизија, како диригент на Танцовиот и Ревискиот оркестар. Има реализирано безброј снимки и концерти во живо, Настапувал во земјава и во странств, добитник е на над 40 стручни награди и признанија. Се категоризира во четвртата генерација македонски повоени композитори.

Почивај во мир наш маестро, кроток и добар чичко Ацо: Познатите македонски личности се простуваат од маестро Џамбазов

Емотивна приказна на маестро Џамбазов раскажана за Женски магазин: Игор за малку немаше да го преживее земјотресот  

Засекогаш ќе останам златното гавранче на чичко Ацо: Маестро Џамбазов испратен во вечноста