Почивај во мир наш маестро, кроток и добар чичко Ацо: Познатите македонски личности се простуваат од маестро Џамбазов

Ненадејната смрт на маестро Александар Џамбазов ја потресе земјава и регионот. Сите денес се простуваат од диригентот и композитор кој остави големо творештво зад себе.

-Си замина нашиот МАЕСТРО, тивко и нечујно, како што живееше во последните 25 години...од денес, конечно со својата Анче...вечен нека ни е споменот на тебе, маестро мој... - напиша син му, Игор Џамбазов на Инстаграм соопштувајќи ја веста за смртта на татко му.

Тања Џамбазова пак, сестрата на Игор, со грутка во грлото, објави видео од документарец за татко ѝ.


Илина Арсова, партнерката на Игор, исто така се огласи со последно збогум за таткото на Игор.


Познатите македонски личности, соработници и пријатели на Џамбазови денес се простуваат маестро Александар. 
Со емотивни објави и фотографии се огласија Каролина Гочева, Тамара Тодевска, актерката Весна Бејби Петуршевска, Калиопи, Викторија Лоба, Маја Вукичевиќ, Дани Димитровска, Кристина Арнаудова и многу други.