Од денес, конечно со својата Анче: Почина маестро Александар, таткото на Игор Џамбазов

Добивај вести на Viber

Игор Џамбазов објави дека почина неговиот татко, диригентот и композитор, маестро Александар Џамбазов.

- Си замина нашиот МАЕСТРО, тивко и нечујно, како што живееше во последните 25 години...од денес, конечно со својата Анче...вечен нека ни е споменот на тебе, маестро мој... - напиша Игор на Инстаграм.

View this post on Instagram

A post shared by Игор Џамбазов (@igordzambazov)


Маестро Џамбазов за неколку дена требаше да наполни 86 години. Целиот работен век го мина во македонската радио телевизија како диригент на Танцовиот и Ревискиот оркестар. Меѓу младите беше познат како иницијатор и диригент на детскиот фестивал „Златно славејче“.