Десерт полн витамини: Фантастична пита со три вида овошје (ВИДЕО РЕЦЕПТ НА ДЕНОТ)
Никој нема да може да ѝ одолее на комбинацијата од крцкава кора и нежен фил
Денеска ви подготвивме рецепт за неверојатно уживање - овошна пита полни со витамини. Овој едноставен деликатес ќе ги воодушеви љубителите на јаболка, праски и сливи. Уште поважно, подготовката не бара многу време.
Ќе се воодушевите кога ќе почувствувате колку убаво се спојуваат вкусовите на јаболката, праските и сливите. Летниот крцкав деликатес е идеален десерт кој лесно се подготвува а ќе го воодушеви секој љубител на вакви десерти.
Состојки:
-600 гр јаболка
-неколку сливи
-некои праски
-1 кесичка цимет
-шеќер по желба
2 лажици гриз
масло
500 гр тенки кора
Подготовка:
Јаболката изрендајте ги, а сливите и праските исечкајте ги на коцки. Измешајте го исецканото овошје, па додајте цимет, шеќер по желба и гриз. Полека измешајте сè. Следува филот: на масата намачкајте ја кората, премачкајте ја со масло и намачкајте го овошјето, па виткајте ја во ролат. Исечете ги поголемите кифлички со нож или ножици и направете уште мали. Се пече во плех обложен со хартија за печење. Печете ги питите на 200 степени околу 40 минути.
*Пр објава
Foto: Youtube printscreen