Десет мисли за самоуверени жени од „Сексот и градот“
Поминаа 20 години од култната серија „Sex and the City“, која ги освои жените пред телевизиски екрани.
Во тоа време, се сметаше за глобална револуција- четири жени отворено зборуваат за нивната љубов и секс, низ многу сцени во прекрасниот Њујорк.
Кери, Шарлот, Миранда и Саманта станаа вистински наши пријателки, од нивното прво појавување на 6-ти јуни 1998-ма година до последната епизода (безброј датуми, неколку мажи и едно или две бебиња подоцна) во 2004-та година.
Нивните ѕвезди - Сара Џесика Паркер, Кристин Дејвис, Синтија Никсон и Ким Катрал - сега се имиња на зрели жени, а во вистинскиот живот, една од нив сега може да стане гувернерка на Њујорк, градот во кој се случуваа најинтересните случки во четирите слични, но сосема различни дeвојки.
Неизбежен дел од „Сексот и градот“ секако беше модата. Костимографката Patricia Field, одлично ја сработи својата задача. Никогаш нема да ги заборавиме екстравагантните „аутфити“ на Саманта, пасијата за чевли на Кери, умерениот едноставен стил на Миранда, и дамските фустани на Шарлот.
Серијата која е направена врз основа на книгата на Кендис Бушел, прв пат издадена во 1998-ма година, се уште има влијание врз светот.
Најверојатно не постои девојка која не се пронашла во еден од ликовите на Кери, Саманта, Миранда или Шарлот. Толку различни карактери, а толку силна врска формираат овие четири девојки кои преку животот осознаваат за многу работи од кои извлекуваат поучни лекции.
Ова е само дел од најпознатите и најдобрите совети на овие четири девојки. Којзнае, можеби навистина ќе ви го направат денот подобар.
1.Работите никогаш не одат според планот.
2. Животот е многу непредвидлив.
3.Немојте да бидете полни со предрасуди, само ви ја заморуваат главата.
4.Не дозволувајте му на општеството да влијае на вашите одлуки.
5.Вие сте убави и паметни и запамтете го тоа.
6.Засекогаш останете она што сте, се до последниот здив.
7.Имате право да не бидете расположени и денот да не биде ваш.
8. Не оправудајте се за вашите животни одлуки.
9.Понекогаш треба да си угодиме, без да имаме грижа на совест.
10. Секогаш бидете доследни на себе си.
Д.К.