Девојка како мене не се сметаше за убава: Емотивен говор на новата Мис Универзум
Зозибини Тунзи од Јужна Африка е новата Мис Универзум! На
изборот одржан синоќа во Атланта, оваа убавица ги освои срцата на
интернационалното жири. За прва придружничка e избрана Софија Арагон од
Мексико, а за втора Медисон Андерсон од Порторико.
- Пораснав во свет во кој жените кои изгледаат како мене, кои имаат коса и боја на кожа како мојата, никогаш не се сметаа за убави. Време е тоа да го промениме. Сакам да ме видат децата, да го погледнат моето лице и во него да го пронајдат одрзаот на своето - истакна победничката на сцената.
Израснала во мало јужноафриканско село, а студирала во Кејптаун каде завршила однси со јавност. Доста од слободното време волонтира во центри кои се борат против семејното насилство.
Тунзи е прва црномуреста жена која победи на Мис Универзум уште од Лејла Лопез од Ангола која беше крунисана во 2011 година.