Дневен хороскоп за Илинден- 2- ри август: 3 знаци треба да се чуваат добро, не е злато сѐ што сјае
ОВЕН Пазете се од недефинирани и нецелосни информации во текот на овој ден, особено ако имате сериозни дискусии на ум. Слободните Бикови, некој што го гледате како пријател ви испраќа измешани сигнали и веќе не сте сигурни во намерите на оваа личност. БИК Пазете се од ненадејни одлуки, доколку е потребно побарајте помош од пријател. Потрудете се да организирате дружба со пријателите или роднините, ќе уживате во поголемо друштво.
БЛИЗНАЦИ
Некој од најтесното опкружување денес може вербално да ве испровоцира, бидете внимателни колку што можете. Не бидете груби во говорот, подобро е да се повлечете кога нешто не ви е по волја. Можни стомачни проблеми.
РАК
Пред вас се многу празнични активности и потребна ви е добра организација, што обично не е лесно. Потребен е совет од лице со авторитет. За слободните Ракови време е за дружење, социјални мрежи и активности, многу места за забава и многу шанси да се поврзете со некој токму таков. Внимавајте на исхраната.
ЛАВ
Некои луѓе од непосредното опкружување може да бидат бавни во она што им го советувате, но тоа не би требало значително да ја наруши вашата комоција денес. Ќе ве чекаат тешки теми за да разговарате за нив отворено, но можеби е вистинското време за тоа.
ДЕВИЦА
Денот некако ќе оди многу бавно но мора да се заврши, имате незавршена работа од минатото која е голем товар за вас. Обидете се да ги усогласите вашите очекувања со реалните можности и желби на другата страна.
ВАГА
На полето на пријателствата ве очекуваат многу луѓе и многу промени, целата комуникација зависи од вас лично и вие сте главниот носител на приказната.Со партнерот и двајцата ќе се трудите да се вклопите и заедно да решите некои прашања кои ве мачеле.
ШКОРПИЈА
Само пазете се од саботажа од страна на некои наводни пријатели, им пречи вашата сила и инвентивност, не го разбираат вашиот пристап кон проблемите. Не се откажувајте од вашите цели. Ве очекува мирен и опуштен ден на љубовно поле, без навестување за некои поголеми пресврти.
СТРЕЛЕЦ
Ви претстои зголемен обем на емоции, но успевате сè да решите со мирна глава. Можни се важни деловни нешта, нови контакти, евентуално со странство. Доколку можете слободно да поминувате време, да излегувате, да се дружите, ќе имате можности за нови, многу интересни познанства. Уживајте.
ЈАРЕЦ
Денеска сè ќе ви помине без проблеми, празникот ви е со леснотија и голем ентузијазам. Можни проблеми со партнерот поврзани со минатото, кои ќе предизвикаат пореметување во вашата комуникација.
ВОДОЛИЈА
Не избегнувајте да посегнувате по некого за помош, ќе најдете отворени врати. Слободните припадници на овој знак, имаат интерес за некого, но реакциите на таа личност за вас се невообичаени, па малку е енигматично во вашиот живот.
РИБИ
Треба да обратите особено внимание на недефинирани договори или лошо дизајнирани цели што се однесува до роковите. Добар период е за дружење, излегување, поминување време и уживање, но советот е да не претерувате.