Дневен хороскоп за ПETOК: Нервоза за Водолија, несигурност за Лав

Добивај вести на Viber

ОВЕН
Денес ќе добиете нови обврски кои бараат дополнителен ангажман. Вашето професионално однесување и рамнотежата што се обидувате да ја воспоставите со колегите, ќе наидат на одобрување кај претпоставените. Партнерските односи ви се комплицирани. Средбата со една личност повеќе ќе личи на игра отколку на покажување емоции. Од една страна сакате да си ја задржите слободата, од друга свесни сте дека емоциите ве совладуваат. Многу сте напнати.

БИК
Се наоѓате пред нов предизвик. Вашата идеја делува добро, но не им се допаѓа на колегите и предизвикува негативни коментари. Денес ќе бидете особено осетливи и ранливи и ќе придавате големо значење на се што се случува околу вас. Престанете да ја трошите енергијата на непотребни расправии и концентрирајте се на она што ви е битно. Партнерот молчи и се однесува таинствено, но тоа не значи дека не ги одобрува вашите постапки. Слободните бикови полека но сигурно почнуваат да се вљубуваат.

БЛИЗНАЦИ
Имате некои дилеми во врска со работата и ќе треба добро да размислите што треба да преземете. Вие сте секогаш подготвени да го смените мислењето и да направите компромис, но најдобро е уште еднаш да ги разгледате последиците од погрешната одлука. Кон партнерот се однесувате со многу разбирање, но помалку сте дистанцирани. Обидете се да објасните што чувствувате и што ве измачува за да не дојде до несогласување.

РАК
Не се залажувајте со моменталните успеси, туку продолжете и понатаму да вложувате труд ако сакате да ја постигнете целта. Работата со странство и со странци оди полека и вие станувате нетрпеливи. Резултатите кои ги очекувавте никако не доаѓаат и тоа ве измачува. Ако имате сопствен бизнис, денес ќе донесете една важна одлука, но нема веднаш да ја објавите. Се обидувате да внесете малку ведрина во партнерските односи, но тоа тешко ви успева. Партнерот воопшто не ги забележува вашите напори.

ЛАВ
Денес ќе делувате самоуверено и ќе сакате на сите да им ги покажете своите способности. Но, зад таа фасада се крие вистински емотивна личност која тешко се справува со предизвиците. Единствено оружје во комуникацијата со другите е вродената ароганција. Бидете внимателни, не можете кон сите да се однесувате на ист начин. Ако сте слободни, денес ќе се чувствувате несигурно во врска со една личност со која имате голема разлика во години. Таа несигурност и стравот од одбивањето ќе ви создадат внатрешен конфликт и нема да знаете како да се однесувате.

ДЕВИЦА
Денес бидете внимателни и не избрзувајте со одлуките кои треба да ги донесете. Вашите забелешки и критичкото однесување кон колегите ви носи многу непријатели и не очекувајте помош доколку нешто згрешите. Колегите со воодушевување ќе ја дочекаат секоја ваша грешка и со задоволство ќе го известат шефот. Доколку сте во брак или подолга врска, заинтересирани сте за една личност која многу се разликува од вашиот партнер.

ВАГА
Свесни сте дека ве наггледуваат и вложувате дополнителен труд за да покажете дека сте способни да се справите со предизвиците. Интуитивно чувствувате дека еден колега ви работи зад грб. Не ги менувајте одлуките поради тоа, туку отворено спротивставете му се. Ако сте слободни, денес ќе бидете задоволни од средбата со една личност која одамна ви се допаѓа. Бидете самоуверени во пристапот и не дозволувајте вашата колебливост да дојде до израз.

ШКОРПИЈА
Амбициозни сте и многу се трудите да успеете. Но, психичката ситуација во која се наоѓате ве блокира и не можете да дојдете до израз. Се наоѓате во маѓепсан круг и не гледате излез. Не дозволувајте колегите да забележат дека имате проблем, зашто може да се погрижат проблемот да ви стане уште поголем. Доколку се сомневате во партнерот, не избрзувајте, туку проверете за што се работи. Не си го расипувајте мирот, само поради мислите што ви се вртат во глава.

СТРЕЛЕЦ
Не обрнувајте внимание на коментарите што ќе ги добиете во текот на денешниот ден. Имате добра проценка на ситуацијата и не дозволувајте некој да ве предомисли. Соработниците со кои сте опкружени, не се секогаш добронамерни и затоа бидете претпазливи. Партнерот денес ќе донесе одлука која нема да ви се допадне. Потрудете се да останете мирни и да не реагирате импулсивно. Времето ќе покаже кој бил во право. Ако сте слободни, денес е можен контакт преку работа кој ќе ве натера на размислување.

ЈАРЕЦ
Губите многу време на споредни ситуации и не ја согледувате работата во целост. Оставете им го проблемот на оние што се повикани да го решат и не се мешајте секаде. Колку и да имате добри намери, претпоставените не го ценат вашето мислење и време е да се помирите со тоа. На партнерот му поставувате строги критериуми и тоа ви создава конфликт во односите. Време е да попуштите, особено поради поддршката што ја имате од партнерот. Нема потреба да го нарушувате заедничкиот мир.

ВОДОЛИЈА
Вашата нервоза негативно влијае на вашите соработници. Обидете се да се соземете и да почнете да размислувате рационално. Никој освен вас не е виновен за настанатата ситуација. Денес бидете разумни и контролирајте ја импулсивноста. Нервозата од работното место ја пренесувате и во домот. Ако сте слободни, расположени сте за романса и воопшто не криете дека ви е потребен некој да ви ја стопли душата. За среќа, имате многу шанси да го добиете она што ви треба.

РИБИ
Имате јасно зацртана цел и знаете што ви е потребно да ја остварите. Пред да почнете да делувате, добро информирајте се за да не заталкате во погрешен правец. Ова е време на превирања и само со вистинска информација ќе се најдете на местото каде што припаѓате, според квалитетите што ги имате. Денес ќе бидете многу романтично расположени и тоа ќе се одрази на односите со партнерот. Ќе се однесувате како да сакате да започнете нова страница и да заборавите на минатото.