Доби најубав веренички прстен каков што секоја жена посакува: Аврил Лавињ се вери во Париз на брод (ФОТО)
Популарната канадска пејачка, Аврил Лавињ објави дека се мажи.
Имено, по неодамнешното враќање на музичката сцена, Аврил ги воодушеви обожавателите со веста за свршувачката со нејзиното момче Мод Сан.
Аврил Лавињ на 15 години стана голема ѕвезда, а веднаш се истакна со својот необичен стил. Краватата беше речиси незаменлив дел од нејзиниот имиџ. Поради нејзиното модно и музичко влијание, многумина ја нарекуваа поп-панк принцеза.
Оваа популарна канадска пејачка извесен период не беше присутна на музичката сцена поради Лајмската болест која ја имаше, но неодамна се врати со стил објавувајќи нов албум.
Сега со своите фанови сподели уште добри вести. Аврил магичните моменти од свршувачката ги покажа преку прекрасни фотографии.
- Да. Те сакам засекогаш – напиша таа.
Пејачката исто така истакна дека ова е најромантичното запросување што можела да го посака.
- Бевме во Париз на брод, имавме виолинистка, шампањ и рози. Се чувствував како времето да застанало, а во тој момент бевме само ние двајца – изјавил Аврил за странските медиуми.
Особено внимание привлече прстенот во форма на срце што го доби од нејзиното момче, а кој по нарачка го направиле во златарница во Беверли Хилс.
– На него се врежани зборовите „Здраво иконо“ – тоа беа првите зборови што ми ги упати кога се запознавме. А пишува и „Мод + Аврил“ - рече таа.
извор:GLOSSY