Добрата маскара е клуч за добар изглед: Како да ја најдете совршената?

Добивај вести на Viber

Добрата маскара е клуч за добар изглед на лицето. Добрата маскара сепак не ја одредува високата цена.

Ви донесуваме информации за тоа што морате да знаете пред да ја купите маскарата за да би можеле со неа да постигнете ефект каков што посакувате - како холивудските ѕвезди.

Уште не сте ја пронашле својата идеална маскара? Најважна е четката, тврдат холивудските визажисти, бидејќи од нејзиниот облик зависи каков ефект ќе постигнете, односно, дали ќе го имате „оној поглед кој турка од столче“. Шега на страна, во добрата маскара секако вреди да се инвестира, бидејќи многу побрзо ќе се нашминкате и сигурно ќе бидете забележани.

Четките кои се виткаат дополнително ги виткаат трепките а четките со направилни облици дефинираат поедини делови на трепките.

Ако сакате раздвоени и дефинирани трепки побарајте маскара со пластична четка, а за волумен поголема четка.

Комбинирајте маскари, за должина нанесете ја на самите врвови, а за волумен при врвот на трепките.

Трепките прво треба да ги навиткате, ќе изгледаат подолги и ќе ви го отворат погледот.

За да ви останат навиткани трепките и после шминкањето, задолжително нанесете водоотпорна маскара. Доколку мислите дека ќе имате проблем со тргањето на ваква шминка, и тука постои решение - двофаза мицеларна вода со масло со помош на која едноставно и лесно ќе ја симнете дури и водоотпорната шминка.