Доказ дека бајките се остваруваат: Сопружници погледнале фотка стара 30 години, вистината ги оставила без текст

Она што Бог ќе го спои, ништо не може да го раздели! Мажот и жената по 30 години брак погледнале слика од детството која ги оставила без зборови.

Во 2014 година, двајца 30-годишници од Флорида решиле да се сретнат преку Интернет. Кога Џастин го видел профилот на Ејми бил маѓепсан.

Таа исто така била заинтересирана за него. Уште од нивните први телефонски разговори и пораки било очигледно дека има нешто меѓу нив. На нивниот прв состанок, Ејми почувствувала дека го запознала својот иден сопруг.

„Беше како да го познавам цел живот“, рекла таа.


Врската поминала одлично, а бракот бил неизбежен. Но, по една година откриле нешто шокантно. Џастин редовно кажувал дека му се допаѓа нејзиното име, уште од мал. Зошто?

Додека биле во предучилишна возраст, тој бил заљубен во мало девојче по име Ејми. Секогаш седеле заедно, ручале и играле заедно. И по 30 години добро се сеќава на тие моменти.

Потоа отишле во нивните домови и ги замолиле родителите да најдат слики од нивното детство. Мајката на Џастин и подарила на Ејми слика стара 30 години кога тој бил во предучилишна возраст. Ја погледнал подобро и почна да плаче - таа била тоа мало девојче!

Бајките навистина се остваруваат.