Доказ дека љубовта победува сѐ: Бијонсе и Џеј Зи повеќе од една деценија во успешен брак

Кралицата на поп музиката Бијонсе на овогодинешните Греми награди води со дури 9 номинации, вклучувајќи ја и номинацијата за песна на годината.

Бијонсе ги заслужи номинациите во најголем дел за песната „ Black parade (Црна парада)“, која ги слави црната култура и активизам, а песната беше објавена за време на протестите против годинашниот систем на системски расизам и полициска бруталност кон Афроамериканците во САД.

Пејачката својата кариера ја започна со групата Destiny's Child, а истата ја продолжи сама и успеа да се најде во топ 10 најуспешни женски музички ѕвезди на денешницата.

Бијонсе е во брак со раперот Џеј Зи од 2008 година, а парот има и три деца. Блу Ајви и близнаците Руми и Сер.

Таа за прв пат се запознала со Џеј Зи кога имала 18 години, двајцата започнале да се дружат. Откако се појавија заедно на насловната на изданието на „Венити фер“ во ноември 2001 година, Џеј Зи откри дека во тоа време започнале врска. Двојката се венча во тајност во пентхаусот на Џеј Зи во Менхетен во април 2008 година.

Тие се познат пар кој и покрај постојаниот притисок од јавноста, сепак се заедно повеќе од 12 години и се доказ дека вистинската љубов го надминува секој предизвик. 


Фото: republicworld.com

Уапсен е продуцентот на Бијонсе: Обвинет за 15 силувања и злоупотреби