Во Скопје владее сериозно загрозувачка диета си вино која може да им наштети на тинејџерите: Доктор Нико Беќаровски апелира

Добивај вести на Viber

Познатиот професор на скопскиот медицински факултет и доктор на клиниката за Токсикологија, Нико Беќаровски на својот профил на Фејсбук предупреди за „Диета со вино“, неодамна објавена во светски познатиот магазин „Вог“ и воглавно составена од консумирање јајца и вино.

Докторот вели дека оваа диета станува популарна меѓу скопските тинејџерки, а повеќенеделното придржување кон истата може да предизвика сериозни здравствени несакани ефекти и кај возрасни личности, а кај младите тинејџерки со нецелосно развиен p450, сериозни црнодробни пореметувања. Тој апелира до родителите да ги проверуваат своите деца.


- Девојки спортот, пешачењето и здравата умерена исхрана се единствената вистинска диета за убав изглед - порачува доктор Беќаровски.