Доктор тврди: Можете да јадете бел леб и да не се дебелеете, еве што треба да направите


Кога сакате да ослабете, прво го намалувате внесот на бел леб или целосно го елиминирате, но сепак не мора да биде така.

Не треба да се грижите ако јадете кришка или две леб дневно, но доколку не можете да се откажете од него, применете трик кој ќе го преполови бројот на калории што ги внесувате со лебот.

Кога купувате или печете леб, ставете го во замрзнувач. Ладењето, замрзнувањето го претвора скробот во отпорен скроб. Звучи неверојатно, но значи дека вашето тело добива помалку калории од лебот. Всушност, отпорниот скроб ги храни цревните бактерии наместо да ве дебелее, пишува Дејли Меил.

Поголемото количество отпорен скроб значи дека телото побавно го вари лебот што бил замрзнат, што предизвикува поблаг скок на шеќерот во крвта отколку свежиот леб и потенцијално го намалува ризикот од дијабетес тип 2, вели познатиот нутриционист д-р Мајкл Мозели.

Најголемиот проблем со белиот леб е што поради високиот гликемиски индекс брзо ослободува енергија, па го зголемува нивото на шеќер во крвта. Меѓутоа, луѓето кои немаат семејна историја на дијабетес не треба да го избегнуваат белиот леб, кој идеално се јаде за појадок, бидејќи го забрзува метаболизмот, вели овој експерт.

Фото:freepik