Долга темна коса, интензивна шминка и рок стил: Дали би ја препознале Гоца Тржан во вакво издание? (ФОТО)

Гоца Тржан е жена чиј заштитен знак е русата коса веќе долги години, а многумина не се ни сеќаваат како изгледаше пејачката на почетокот на кариерата кога имаше темна долга коса.

Со нејзиниот опис секогаш оди и негуваниот изглед, како и рок бендот Дисторзија и поранешната група Тап 011, чија членка беше таа пред да стане соло пејачка.

Според фотографиите кои кружат, Гоца од тој период е речиси непрепознатлива и тоа само поради различната боја на коса. Имено, фаталната русокоса во минатото беше бринета со шишки, интензивна шминка и стил на облекување кој беше популарен во тие години.

фото:YOUTUBE PRINTSCREEN

Гоца неодамна проговори за тешките моменти кои ги доживеала пред да го запознае сегашниот сопруг Раша Новаковиќ. Пејачката се осврна и на долгата врска пред бракот со Иван Маринковиќ. После тој период животот ми се распаѓаше, не работев една година, бев очајна и се вратив со песната „Хаљина“ и се почна одново како што треба – рече Гоца.

Како што вели и самата, пејачката сакала да работи на претходниот брак и се трудела, но залудно, а повторно би го направила истото поради ќерката Лена, која според Гоца е свесна дека Иван е само нејзин биолошки татко.

На крајот на краиштата, Гоца Тржан ја најде вистинската љубов, а често истакнува дека нејзината ќерка Лена е во прекрасен однос со Раша, па дури сака да студира продукција бидејќи тој ѝ е пример.

извор:GLOSSY