Домашен предизвик: Карантински репродуции на познатите слики од Националната галерија

Инспирирани од креативните предизвици, кои се раширија низ светот во времето на изолацијата поради коронавирусот, и вработените од Националната галерија отворија забавна и едукативна иницијатива за реинтерпретација на познати дела од домашни ликовни автори.

-Земете како инспирација некое познато дело, уште подобро доколку неговиот автор е од нашето поднебје и претставете го или реинтерпретирајте го со тоа што ви е на располагање во вашиот карантин – порачаа од Националната галерија.

Предизвикот први го прифатија кустосите од Галеријата и еве некои од првите „репродукции“, создадени во ова застанато време на изолација.

Ана Франговска и „Циганка со кафе“ (1928) од Никола Мартиновски


Маја Чанкуловска и „Црвенокоса“ (1950)  од Петар Мазев


Оливер Стојановски крај „Продавачот на лозови“ на Александар Ивановски – Карадаре


Реконструкција на сликата “П-78“ од Танас Луловски