Домашен рецепт против опаѓање на косата
Проблемот
со косопад е особено акутен во текот на преодните месеци.
Причините за губење на косата може да бидат различни - недостаток на витамини, напнатост, стрес, наследна предиспозиција. Некои од поевтините шампони, балсами, маски за коса и фарби, исто така, можат да имаат сличен ефект.
Проблемот со паѓање на косата е особено акутен овој период на годината, така што до крајот на ноември многу е веројатно дека ќе забележите повеќе коса на четката од вообичаеното.
За да подготвите ефикасна маска против губење на косата, потребни ви се 1-2 жолчки (според должината на косата), 1 лажица мед, 1 лажица алкохол и 2 лажици масло од бадем (можете да го замените со маслиново масло). Состојките се мешаат во хомогена смеса и истата се нанесува прво на корените, а потоа по должината на косата.
Оставете го на косата барем еден час пред миење. Покрај тоа што косата се храни, таа побавно ќе се оштетува ипобавно ќе ви се мрси. Маската користете ја двапати неделно за да имате подобри резултати.