Домот на Илон Маск фасцинира: Најпознатиот милијардер живее во куќа од 37 метри квадратни (ВИДЕО)

Илон Маск е посебен поради многу работи, а една од таквите посебни одлики е скромноста, барем кога станува збор за недвижнините, со оглед на богатството што го има на располагање.

Имено, Илон Маск го продаде целиот свој недвижен имот, освен куќата во Калифорнија (Тесла  „дом за настани“) и се пресели во Тексас, но не во репрезентативна област, а особено не во вила, пишува Индекс.

Верувале или не, неговата домашна адреса е Бока Чика, а тоа е подвижна куќа во вредност од околу 50.000 американски долари.


Ни тој дом не го купи, туку го изнајми - од компанијата Спејс Х. Како што дознава Тесларати, станува збор за куќа понудена од компанијата „Боксабл“.


Фото:Profimedia

Видео: Youtube