Драга моја жено, животот е прекрасен додека го живееш за себе!
Драга моја жено,
Знам дека денес кога се е еманципирано и со еднакви права, за тебе е скоро па неподносливо за живеење. Знам дека за се што ти следува природно ти се бориш Дупло, дека ако некогаш од тебе се очекувало да си совршена домаќинка, сега на тоа е додадено и совршена кариеристка, совршена сопруга, идеална жена, идеална мајка, супер роднина и пријателка, мора да готвиш совршено, дома мора да е беспрекорно чисто, пеглано, диплено. Знам дека постојат милион и една организација кои Велат дека се од твоја страна, а ти си всушност сама.
Знам дека од тебе се бара да личиш на локална старлета со цртани веѓи и полни усни без да те прашаат дали можеш или сакаш тоа да го правиш и која е цената која што всушност ја плаќаш за да го добиеш телото од нивните замисли, силуетата од нивните соништа. Знам дека те боли кога колку и да се трудиш се да биде совршено, тој сепак се допишува со друга или на друга и праќа фотографии. Знам дека ти е најтешко кога мајка му ќе ти каже колку тој заслужува повеќе од тебе, колку таа замислила друга покрај него. И колку е само болно кога на сопствените деца се правдаш зошто не си стигнала да им го овозможиш тоа што го очекуваат од тебе, зошто некако магично ти си таа што мора да им обезбеди се.
Знам дека срцето ти се дели на две кога од тебе се бара се да е под конец, ти пред се, а ти просто и едноставно не можеш да постигнеш, не знаеш каде да започнеш а каде да завршиш. Нема крај денот за тебе, стануваш пред сите, заспиваш откако сите ќе заспијат и некако магично пак и пак никој не е задоволен. Знам жено дека не е лесно, јас сум жена, јас знам колку кине кога ќе ти кажат можеш ти, не умираш ти а тебе те снемува секој ден по малку.
Не умирам. Можам, страшно е колку можам и баш заради тоа можам не постои сила на светов која може да ме запре кога ќе наумам нешто, не постои свекрва која може да ми докаже колку јас вредам или не вредам, не постои маж на кој ќе му дозволам да ме гази додека моето време го дели со друга. И секогаш моето можам ќе биде појако од туѓите очекувања и секогаш мојата супер моќ ќе биде вербата во себе и моите капацитети за да го живеам животот по мое, по лични правила за среќа.
Затоа што јас сум жена, јас можам да го остварам сето тоа што го имам замислено и не се плашам ниту покорувам. Колку и да е тешко, колку и да боли, колку и да се кршам од внатре, јас наоѓам начин да се составам во едно и да им го дадам се тоа што моите најмили го заслужуваат. Затоа што проклетиов живот е прекрасен се додека го живееш за себе! И вреди секој можен даден миг!
Намасте