Драги мажи: Сетете се дека овој стомак некогаш беше топол дом кој ги гушкаше вашите деца девет месеци

Драги мажи,

Сетете се колку беше убаво, мазно и извајано нејзиното тело на почетокот на вашиот брак - таа е уште истата убава жена, со истиот дух што отсекогаш сте ја сакале. Разликата е во тоа што им даде живот на вашите деца.

Цената за тоа беше губењето на телото што некогаш го имаше.

Не се жалете на сопругата затоа што има повеќе сало и мисли дека не ви се допаѓа повеќе. Мајчината љубов ја тера да затвори очи пред сето тоа и единствена грижа ѝ се децата и вашата среќа.

Сетете се дека овој стомак некогаш беше топол дом кој ги гушкаше вашите деца девет месеци со сета болка, замор и тежина, за да ги заштити до раѓањето.

Илјада срца за сите мајки.

Не постои во животот автомобил, стан, луксуз поголем од нејзината прегратка. На таа прегратка ние ѝ го должиме ни помалку ни повеќе, животот.

Прегрнете ги не само вашите, туку почитувајте ги и заштитете ги сите мајки на светот, затоа што така ги штитите сите деца на светот.


Исповед на еден татко: „Еднаш, цел еден ден бев мајка - за малку ќе полудев!“


Мое првороденче, ти ме направи мајка...