Мое првороденче, ти ме направи мајка...

„Мое првороденче,

Ти беше тоа кое ме направи мајка.

Ти ми го стопира времето и ми отвори нови хоризонти.

Ти ме доведе до рушевини од себе си, а потоа ме изгради посилна.

Ти ми даде толку многу причини,  причини да го критикувам моето тело, да го сакам она што ми го даде, да се чувствувам удобно во сопствената кожа.

Ти беше тоа кое ми ги претвори ноќите во недели, а годините во денови.

Ти ме исполни со еден вид благодарност што никогаш порано не сум ја почувствувала, секој твој здив ги исполнува моите бели дробови, секој твој чекор е нашето заедничко патување.

Ти ме запозна со толку многу „нешта за прв пат“, со различен тип на љубов, болка во срцето, и со мене.

Ти беше тоа што ми даде еден вид самодоверба за која никогаш не знаев дека ја имам, шепот кој се претвори во татнеж, вежбано трпение, грижа што ќе живее во моето срце засекогаш.

Ти ги откопа сите работи кои беа во мене сокриени, веќе не се закопани, ти ме отвори.

Ти беше тоа што ми покажа поинаков поглед на светот, одлуките, сеќавањата, соништата се обликувани со тебе.

Те држев додека плачев во првите месеци, длабоко исплашена, осамена, но во најдобро друштво. Уморна, но никогаш повеќе жива.

Ти беше тоа кое ме изнесе на правилниот пат.

Сега си многу постаро.

Но, секогаш ќе се сеќавам на нас во тишината на работните денови, каде што не правевме ништо и правевме сè.

Нашето поглавје.

Како ти, ме направи мајка“.


Текст: Џес Урлихс, писател

Слика: @amandaoleander / Инстаграм