ДРАМАТИЧНО РАСТЕ ЦЕНАТА НА СТАНОВИТЕ - во првиот квартал поскапување за дури 12,4 проценти, кој го дува балонот

Не запира драматичното поскапување на становите во земјава. Податокот за првиот квартал од годинава го објави Народна банка на Македонија, а тој говори дека во првиот квартал цената на становите годишно се зголемила за 12,4 отсто, а само за еден квартал, поточно споредено со претходниот, растот изнесува дури 2,9 отсто. 

Всушност, целата мината година становите поскапуваат, па така, во првиот квартал лани беше регистрирано зголемување на цените на становите за 3,2 процента, во вториот за 4,1 процент, во третиот за 5,8 проценти, а во четвртиот квартал поскапуивањето беше најголемо и изнесуваше 11,2 процента. Повеќе детали прочитајте на Фактор.мк