Дури 40 отсто од луѓето страдаат од зимска депресија: Што ни се случува кога нема сонце?
Зимата е веќе
тука, а со неа кај некои луѓе секоја година доаѓа и таканаречената
сезонска, односно зимска депресија, која е поврзана со промената на годишните
времиња, а која обично трае од септември до почетокот на пролетта. Според
одредени истражувања, дури 40 отсто од возрасната популација покажува симптоми
на ова „нарушување“, а еве како да препознаеме дали патиме од зимска депресија,
како се јавува и како можеме да ја излечиме.
Еден од првите фактори поради кои можеме да се најдеме во зимска депресија е секако поврзаноста со метеоролошките промени, како што се скратувањето на денот во зима, намалувањето на сончевите часови, како и сивилото кое не опкружува создава депресија, анксиозност и психоза. Недостаток на физичка активност, стрес, нарушен сон, но и неправилна исхрана можат да бидат некои од другите причини за сезонски нарушувања.
Сепак, главниот виновник за нашата депресивна состојба е секако недостатокот на сонце, што доведува до дестимулација на хипоталамусот во мозокот, кој е одговорен за нашето расположение. Покрај падот на расположението, недостатокот на сончева светлина доведува и до зголемено лачење на хормонот мелатонин, па чувствуваме пад на енергијата, бавноста и летаргијата, како и недостаток на волја за било што во зимските денови.
Покрај губењето на енергија, кое е едно од највидливите, може да има и други симптоми кои укажуваат на тоа дали патиме од зимска депресија. Тоа се зголемена желба за сон, раздразливост, слабост, замор, мускулна слабост, хиперсензитивност, зголемување или губење на тежината, губење или зголемување на апетит, а сето тоа е и показател дека треба да посетиме лекар.
Всушност, она што е многу важно е дека во ниту еден момент не треба да ги потценуваме видливите промени на расположението кои се случуваат во постудените денови, односно во есен и зима, бидејќи тоа е вистинско психијатриско пореметување, кое доколку не се лекува правилно, со текот на времето може да доведе и до посериозни и други психолошки дисфункции, како што се намалена мотивација, анксиозност, биполарно растројство, непродуктивност...
Единствениот вистински начин на кој можеме да добиеме соодветна помош е да отидеме кај психолог или психотерапевт кој ќе направи план за лекување врз основа на нашата состојба, симптоми и клинички слики, што понекогаш вклучува употреба на антиепресиви, анксиолитици и светлосна терапија и психотерапија.
Меѓутоа, за да не се разболиме од оваа сè почеста болест на 21 век, многу е важно да воспоставиме добар ритам на нашиот живот, односно да се придржуваме до здрава, правилна исхрана, да не ја занемаруваме физичката активност, додека добриот сон е императив кога се работи за зачувување на нашето психофизичко здравје. Дополнително, важно е да се смени аголот на гледање на светот и да се негува позитивното размислување и да се гледа светот низ шарени очила, дури и во деновите кога нема сонце.
Фото: фреепик