Две фризури на Емина Јаховиќ кои бришат години од лицето и изгледаат брутално: Нема да ви биде потребен фризер за нив (ФОТО)
Една од најубавите пејачки знае како да го освежи својот изглед со помош на трикови за кои не е потребен фризер.
Популарната пејачка Емина Јаховиќ важи за една од најдобро дотераните жени на сцената. Таа многу се грижи за својот изглед и не е чудно што многу жени ги следат нејзините совети за убавина и добар изглед.
Дури и дома, Емина сака косата секогаш да ѝ биде уредна и средена, а кога нема желба да оди на фризер, применува еден едноставен трик и го користи за да му даде сосема поинаква димензија на лицето.
Таа пред неколку дена сподели една фотка со своите следбеници, а на неа гледаме еден од триковите кои пејачката ги користи кога сака да ѝ даде поинаков изглед на својата фризура.
Имено, долгите шишки понекогаш знаат да го „проголтаат“ лицето со што може да изгледате постаро отколку што сте. Затоа е добро да знаете како можете да ги носите, а сепак да изгледате поинаку.
Еден начин е да ги исчеткате напред, малку да ги натапирате и потоа да ги фатите наназад. Така шишките нема да ви го сокријат лицето, туку ќе го истакнат.
Токму овој трик го искористи убавата пејачка и прави да изгледа барем десет години помладо.
Уште еден трик на пејачката е носење на дебела трака, која беше многу популарна во 80-тите, а сега повторно се врати во мода во полн сјај.
извор:najzena