ДВОЦИФРЕНА СТАПКА НА ИНФЛАЦИЈА ВО АПРИЛ - животот станува се поскап

Потврда за растот на трошоците за живот пристигнува од Државниот завод за статистика, каде пресметале дека за една година индексот на трошоците на живот пораснале над 10 отсто. Како што пишува ДЗС во последното соопштение трошоците на живот во април оваа година во споредба со истиот месец минатата година имаат раст од 10,5 отсто, додека пак цените на мало пораснале за 11,1 процент.

Податоците покажуваат дека во споредба со претходниот месец, трошоците на живот се зголемиле за 2,2 проценти, додека цените на мало за два отсто.

Притоа на месечно ниво, најголем раст на трошоците е регистриран кај маслото и маснотите и тоа од 20,2 проценти и кај свежиот зеленчук и компирите и други коренести плодови за 12,9 отсто.