Џејми Оливер го сподели најдобриот рецепт за појадок за сите кои сакаат да ослабат

Добивај вести на Viber

Овој рецепт би можеле да го опишеме со три збора: едноставен, вкусен, нискокалоричен 

Познатиот готвач Џејми Оливер го откри својот најдобар рецепт за појадок.

Овој „сендвич“ е идеален за секој кој сака да изгуби неколку килограми.

 Познатиот готвач Џејми Оливер повторно не инспирира со неговите едноставни и брзи рецепти. Овој пат, сепак, воодушеви со рецепт за појадок кој не само што се подготвува додека трепнеш, туку е идеален и за слабеење. Што се крие во тоа вкусно јадење? 

Вкусен 'ржан леб со кремаст намаз од рикота, авокадо и домат!

View this post on Instagram

A post shared by Jamie Oliver (@jamieoliver)



Состојки за 1 порција: 

• 1 кришка ржан леб

1 полна лажичка рикота сирење 

• ½ авокадо (зрело) 

• 1 домат

 • малку сок од лимон 

• 1 лажичка тостирани борови ореви  - пињоли

• 2-3 листови босилек 

• сол и бибер (по избор)

Подготовка: 

1. На ржан леб намачкајте рикота.

 2. Половина авокадо и домат се сечат на тенки кришки, па се мешаат со малку сок од лимон. 

3. На ржаниот леб наизменично ставете парчиња авокадо и домат и по желба зачинете ги со малку сол и бибер. 

4. Украсете со борови ореви и листови босилек и послужете и уживајте.