Џинс здолништата се No.1 во пролетните стилови на трендсетерките: Инспирирајте се за смели модни комбинации

Добивај вести на Viber

Оваа пролет ги обожуваме сите комбинации во стилот  "denim on denim on denim" кој вклучува долги тексас здолништа.


Фасцинацијата на модниот свет со тексас парчињата резултираше со големо враќање на здолништата направени од овој безвременски материјал, со посебен акцент на верзиите кои доминираа во модната ера од 90-тите.



Откако ги одбележаа студените месеци, тексас здолништата продолжуваат со своето владеење со порастот на температурата, а за тоа говорат кул street style фотографии од модните недели, како и стајлинзите на модните зависници од социјалните мрежи.


Тексас здолништата се тука и никогаш не изгледале подобро. Овие пролетни сезони доаѓаат во сите можни варијанти кога се во прашање должините, а модниците ширум светот последниве месеци претпочитаат да носат миди и макси верзии во манирот на 90-тите.


Како и нивните сестрински фармерки, овие здолништа лесно се прилагодуваат на бројни парчиња и модели на обувки, а доказ за тоа се комбинациите на најголемите уличните стилови на ѕвездите на денешницата.


ФОТО: Инстаграм screenshot