Џон Малкович остана доследен до ветувањето: Ќе гради филмски студија на Балканот

Добивај вести на Viber

По  изведбата на претставата „Пеколна комедија: Исповеди на сериски убиец“ во рамките на Охридско лето американскиот актер Џон Малкович денес го посети Скопје, каде во негова чест е организирана бизнис- уметничка вечера, откако тој лани најави изградба на филмски студија во Mакедонија. Малкович уште еднаш го кажа својот став во врска со реализацијата на долгонајавуваниот проект „Скопје технолошки парк“ и преку него „Стоунбриџ студиос“. Владата уште пред речиси година дена кажа дека ќе го разгледа овој проект.

-Ќе ги отвориме вратите за нови можности, привлекувајќи нови странски инвестиции на Балканот – од Запад и пошироко. Овој проект не само што ќе ја поттикне економијата, туку и ќе го насочи меѓународното внимание на извонредниот талент што се наоѓа во оваа земја. Сите ја споделуваме визијата за поставување на Северна Македонија на глобалната сцена на филмската и музичката индустрија, покажувајќи ја нејзината убавина, талент и потенцијал. Овој напорен проект е доказ за вербата во истрајноста – и дека со работа рака под рака… заедно ќе создадеме нова економска иднина за регионот, рече Џон Малкович.

Фото:Е.А.