Еден од најголемите хитови на Драгана Мирковиќ опишува голем пресврт во нејзиниот живот: Што се крие зад песната која ја обожавате?

Една од најпознатите српски пејачки на народна музика посебно е врзана за една своја песна...

Фолк пејачката Драгана Мирковиќ има богата и успешна кариера која трае повеќе од 30 години. Хитовите ги редеше како на лента, а денес тие се неизоставен дел на бројни веселби.

Меѓутоа, пејачката не крие дека е посебно емотивна врзана за две песни, кои всушност се нејзини автобиографски.

Песната „Сама“ која ја сними во 2000 година, ја опишува неа во моемнтот кога од Србија поради сопругот бизнисмен од Виена, Тони Бијелиќ, се преселила во Австрија и се омажила за него.

„Посебно драга ми е песната „Сама“. Тоа е пресврт во мојот живот. Во 2000 година заминав во Австрија и се омажив и многу сум врзана за таа песна“ - кажа своевремено Драгана во емисијата „Јутро“.


Песната „Једини“ му ја посветила на сопругот за десетгодишнината од бракот.

„Песната „Једини“ му ја посветив на сорпугот за 10-годишнината од бракот и во тоа видео се појавуваат Марко и Мануела. Тоа е и нивното последно појавување и тоа поради татко им, бидејќи сакавме да имаме смеен спомен“ - заклучи Драгана.


За потсетување, Драгана и Тони се венчаа во 2001 година, а итнересно е дека двојката поради тешките моменти во кои беше Србија и неможноста на семејството на Драгана да присуствува на свадбата во Австрија, се одлучила за интимна венчавка.

„Се венчавме во општина, тоа беше скромна прослава. Беше време на санкции, никој од моето семејство не можеше да дојде, бидејќи не можеа да добијат виза. Просто немав можност претходно на своето семејство, татко, мајка, сестра, да им направам визи. И поради тоа имавме малку гости. Дури ни семејството на Тони не можеше да дојде, бидејќи и тој има многу“ - раскажа Драгана своевремено.

фото: Принтскрин / Инстаграм