Едната града ѝ отишла на југ: Но, кога го раздели фустанот и го покажа трикот - жените врескаа од среќа

Во видео на ТикТок, Џенифер Ворнс откри како градите во фустани со длабоко деколте да изгледаат побујни

Видеото кое привлече големо внимание поради една подигната и една спуштена града е стар, сега веќе испробан трик кој Ким Кардашијан го обожава.

Џен објасни дека се подготвувала да излезе и облекла симпатичен фустан  во циклама боја со длабоко деколте, но проблем биле нејзините гради. Фустан со големо деколте не може да се комбинира со градник без да се гледа, а градите без градник не изгледаат онака како што таа сака.

Џен, како и многу жени со бујни облини, има опуштени гради, а неодамна дознала за постоењето на траки за гради кои се залепуваат над бистата за да ги креваат. Колку се ефективни, Џен покажа со свој пример. На десната града залепила една лента, додека левата не ја „кренала“. Потоа пробала фустан со длабоко деколте и го покажала резултатот.

@itsjenwarnes How is this possible  #goodlines #brareview #bratok #VenmoSpringBreak original sound - Jennifer Warnes

„Не носам градник, тоа е само трака. Градите ми изгледаат како штотуку да сум направила пластична операција!“ - изјави блогерката.

Ова видео наиде на одобрување кај жените и ѝ беа благодарни на блогеката за трикот што го сподели со нив.

Ким Кардашијан пред три години ја направи колекцијата SKIMS која е само за големи гради. Имено, се работи за трака која ги подигнува градите и се користи во случаи кога градник не доаѓа во предвид.


Фото и Видео: ТикТок