Едвај излегувала на крај со плата, сметки и кирија: Самохрана мајка лично сама си изгради куќа и ги намали трошоците за живот (ВИДЕО)

Нашла туторијал на Интернет, ги засукала ракавите и посегнала по чеканот...

Бидејќи едвај успевала да ги плати сите сметки и да го полни фрижидерот, оваа самохрана мајка одлучила дека е крајно време да ги преземе работите во свои раце.

Американката Мишел Бојл морала да изнајмува куќа во Орегон за 1.173 евра месечно и да го издржува своето семејство. Поради високата кирија, и премалата плата, таа немала можности да заштеди и да обезбеди нешто подобро за себе и за своите деца.

Работела како келнерка во кафуле, а целата плата одела на сметки и храна. Едвај врзувала крај со крај, сe до моментот кога нејзините деца станале независни. Потоа, таа одлучила да ги преземе работите во свои раце и да изгради куќа за себе.

Почнала да гледа и учи од туторијали во кои луѓето зборувале за тоа како градат мали куќи. Така таа успеала да ја изгради куќата во која се преселила, за многу помалку пари од големата куќа што ја изнајмувала.

Мишел трошела 1.173 евра месечно за изнајмување куќа со три спални соби, кујна, бања, ходник и гаража - сега живее во куќа од 18,5 квадратни метри.

За изнајмување мало парче земја на кое стои куќата, Мишел плаќа само 58 евра, а во оваа сума е вклучена и конекцијата за струја, вода и интернет.

- Не само што сама ја изградив куќата, туку и ја дизајнирав - вели оваа храбра жена која две години собирала мебел и сонувала за тоа како еден ден ќе има своја куќа.


Мишел вели дека е посреќна во оваа куќа отколку во големата што ја изнајмувала додека децата живееле со неа. Денес, Мишел гради и дизајнира куќи за други луѓе кои сакаат да ги намалат трошоците за живот.

извор:najzena.rs