Емили Ратајковски советува: Бремени или не, она што го носите треба да направи да се чувствувате прекрасно

Манекенката редовно споделува фотографии и видеа на социјалните мрежи во кои апелира до бремените жени дека и за време на бременоста треба да изгледаат убаво и да бидат модерни...

Манекенката и актерка Емили Ратајковски, за текот на својата бременост, уште на самиот почеток на најотворен можен начин ја информираше јавноста, почнувајќи од насловната страница на магазинот Вог. Се чини дека Емили е максимално посветена на следењето на модните линии за бремени жени.

Од објавата дека е бремена, во октомври 2020 година, топ моделот се обидува да овековечи што е можно повеќе моменти од бременоста и да ги сподели своите искуства на социјалните мрежи. Во зависност од расположението, таа изјави дека „некогаш се чувствува како Вини Пу во човечка форма“, друг пати „како божица на плодноста со привлечен задник“, додека имаше и објави во кои таа истакнува дека „оваа состојба ќе помине брзо и дека ќе и недостасува“.

Ратајковски е веќе позната како име од светот на модата со силно чувство за градење личниот стил. Доволно е да се потсетиме на комбинацијата (костум во боја на сенф) што таа ја одбра за венчавката во 2018 година. Бременоста не ја спречи да продолжи да се изразува преку модата. Советите на Емили Ратајковски најмногу им помагаат на бремените жени, а таа им порачува дека „не мора постојано да носат широка облека“. Со својот пример покажа дека бремената жена може да изгледа убаво дури и во парчиња облека што се припиени до телото.

„Бремени или не, она што го носите треба да направи да се чувствувате одлично - без оглед дали тоа значи дека сте одбрале широка, лелеава облека или фустани во кои сте закопчани до грло“ - смета познатата трудница.

Емили истакнува дека на пазарот има многу облека наменета за бремени жени кои го кријат стомакот, а дека тоа не треба да биде правило. Таа верува дека бремените жени можат да експериментираат со различни модели на костими за капење, а особено нагласува дека не треба да се плашат од светлите и весели бои кои со задоволство ги носи за време на бременоста, па така можевме да ја видиме во портокалова гардероба, пастелно зелена, огнено црвена...

View this post on Instagram

A post shared by Emily Ratajkowski (@emrata)

„Светлите бои се ваш пријател. Не ја потценувајте моќта на модата. Може да ви го подигне расположението и да се чувствувате посигурни кога можеби не се чувствувате најдобро“ - рече манекенката.

Неодамна, по објавувањето на убавата вест, контроверзната актерка и топ-модел искрено зборуваше за својата бременост, а нејзините изјави се прераскажуваа со недели.

View this post on Instagram

A post shared by Emily Ratajkowski (@emrata)