Емилија открива како изгледа животот на вип стујардеса: Добивала подароци вредни 100 000 евра, а исполнувала неверојатни барања

Животот на вип стјуардеса личи на сценарио за филм!

Емилија Џорџ, поранешна ВИП стјуардеса, ја шокираше јавноста со признанието што го доживеала и видела во авионите од прва класа. Таа била присутна во многу бизарни ситуации, кои не можете ни да ги замислите.

Имено, поканите за интимна вечера, несоодветното допирање, неочекуваните посети на хотелот, но и многу други незамисливи работи можат да бидат составен дел од работата на стјуардесите на ВИП летовите.

– Од вечера од милион долари до салата од 700 долари. Парите не се проблем кога можеш да си дозволиш приватен авион. Видов спортски сали во авиони, диско соби со стриптиз барови и златен трон – опишала Емилија.

Во текот на нејзината кариера богатите и славните ја прашувале речиси невозможни работи. Еден таков пример, било ангажирањето на дувачки оркестар составен од 200 членови како знак на добредојде на клиентот.

Но, нивната фантазија немала крај. Па платила сметка за такси од 660 долари за да го земе кавијарот. Имале и принудно слетување на половина пат за да можат патниците да јадат во Мекдоналдс.

- Имаше и сосема луди барања како она да им се послужи лосос на кој цел живот се свирела класична музика - рече таа.

Имаше и предлози. Еден сопственик на приватен авион побарал неговиот екипаж да носи „откачени“ униформи, а секој што ќе се спротивстави ќе биде отпуштен.

Од друга страна, поубавата страна на оваа работа, како што истакнува Емилија, е бакшишот од 4.000 долари, подароци кои вклучуваат скапи Rolex часовници, чанти Hermes и ВИП билети за различни настани.

Кога престојувале во град, сместувањето би се обезбедувало во најлуксузните хотели, а јаделе во најелитните ресторани. Често се случувало да добие возач и личен асистент. Исто така, таа имала буџет за униформи.

Животните како соколи, лавчиња и мајмуни патувале со сопствениците на авионот, па таа морала да биде подготвена за неочекувани гости. А квалификациите што треба да ги имате за оваа работа се многу трпение, дискреција, како најважна ставка, но и брзо размислување.


Фото: Илустрација Printscreen Youtube