Еве како изгледа најголемата холивудска ѕвезда без шминка

Хелен Мирен- е синоним за Холивуд, дама со стил, доследна на стареењето. Отсекогаш беше силна жена со голем талент за глума и дамска појава.

Неодамна, 72 годишната филмска ѕвезда откри дека покрај големите успеси, целиот живот се борела со несигурноста и недостатокот на самодоверба.

„Целиот мој живот имав проблеми со несигурноста, а и ден денес е така. Се сеќавам на моите панични напади, изјави таа.

Познатата актерка откри дека имало многу работи на нејзиното тело кои не и се допаѓале кога ја започнала својата кариера.

„Никогаш не се чувствував како убава жена. Постојат луѓе кои се убави, а јас не сум во таа категорија. За мене се важни духовноста и интелигенцијата, а не начинот на кој изгледам, објасни Хелен.

Хелен на својот Инстаграм профил сподели фотографија без грам шминка, покажувајќи на светот нешто поразлично.