Еве како обичниот квасец ми ја спаси косата која ја уништив пред една година: Лаура направи маска за која се потребни само 3 едноставни состојки

Негрижата лесно може да ви ја уништи косата. Има ли спас после тоа? Блогерката Лаура Кузмановиќ на Инстаграм напиша дека и помогнала сосема природна маска која лесно се подготвува. Потребни ви се само три состојки.

„Кога ќе почувствувам дека ми треба промена во мојот живот, погодете што е првото нешто на тапет? Јас сум некој кој отсекогаш сакал убава и негувана коса, но морам да признаам дека пред една година си ја уништив косата. Со преминување од темна во светла боја. Сите жени кои некогаш поминале низ тоа ќе разберат за што зборувам“, вели блогерката и додала: „Пробав разни маски и производи за коса, додека не ја пробав оваа и е потценување да кажам дека сум воодушевена“.

View this post on Instagram

A post shared by Laura Kuzmanovic (@kuzmanovic_laura)


Маската се подготвува вака: „Во сад ставете квасец, 40 мл млеко и лажичка мед и пред миење нанесете ја смесата на косата и оставете ја 15 минути. После тоа измијте ја косата и употребувајте ја маската еднаш неделно."

Во коментарите жените открија како на природен начин ја негуваат косата: „Вода од рузмарин и масло од рузмарин, рицинусово масло“, „Пробав, додадов уште едно јајце на овие состојки и мојата коса е навистина сјајна и мека“ , „Овој рецепт ја храни косата, медот, квасецот и млекото“, „Веќе го пробав и косата е навистина мека и сјајна“.

View this post on Instagram

A post shared by Laura Kuzmanovic (@kuzmanovic_laura)


Некои жени велат дека имале проблем со миењето на медот од косата, па затоа треба добро да ги измешате состојките пред да ги нанесете како маска на косата.

Фото: Инстаграм
Извор: Zena.blic.rs