Ги намалува брчките и дава ефект на природен ботокс: Жените ширум светот го мачкаат лицето со ова овошје и ја покажуваат својата освежена кожа (ВИДЕО)
Нов тренд за намалување на брчките, а жените кои веќе го пробале велат дека нивните лица навистина изгледаат подобро...
Видеата на кои дами го тријат лицето со кора од банана со надеж дека тоа ќе им ја затегне кожата и ќе и даде сјај вирално се шират на интернет.
Кејти Џејн е професионална шминкерка од Њујорк која ги шминка и познатите дами и беше една од првите што објави видео на кое таа го пробува овој тренд.
Откако ја намачкала кората од банана на лицето, таа вели дека тоа ја направило нејзината кожа помека, а порите и се стесниле. Нејзиното видео е прегледано 750.000 пати. Беше толку воодушевена од ефектот што го нарече „природен ефект на ботокс“ и рече дека ќе продолжи да го прави тоа и во иднина.
@katiejanehughes Banana skin facial #bananas #fyp #BananaSkin #ViralHack #Skincare #Natural #WhyNot #TryThis#funny #itworks original sound - Katiejanehughes
Сепак, лекарите не се убедени во ефектот на триење на кората од банана на лицето.
„Не постои додаток во исхраната кој ќе ви го даде истиот ефект како ботоксот кога ќе го инјектирате“, вели д-р Гета Јадав, дерматолог од Торонто.
„Нема научен доказ кој сугерира дека триењето на лушпите од банана на лицето помага да се намалат брчките, темните кругови или воспалението“, вели Тејлор Булок, д-р, доктор по дерматологија на Клиниката во Кливленд.
Без разлика на мислењето на дерматолозите, корисниците на социјалните мрежи го сакаат овој тренд. Многу жени под видеото на Кејт признаа дека и тие го користат овој начин на освежување на лицето. Се смета дека сите придобивки за кожата што можете да ги добиете од кората од банана потекнуваат од големата количина на антиоксиданси кои се наоѓаат во ова овошје.
Фото:Принтскрин/Тикток
Извор: Najzena.alo.rs