Еве зошто нередот во куќата привлекува несреќа: Чистењето на оваа соба значи губење на килограми, благосостојба на умот и телото!

Нередот се случува во секоја куќа. Тоа не значи дека во него живеат мрзливи луѓе, туку дека тоа е привремена состојба која е условена од недостаток на време или нешто друго. Од друга страна, има куќи во кои нередот е постојан

Нередот се случува во секоја куќа, но тоа не значи дека во неа живеат мрзливи луѓе, туку дека тоа е привремена состојба предизвикана од недостаток на време.

За жал, во некои куќи нередот е постојан. Кога ќе го сфатите тоа, време е да го вклучите алармот, бидејќи куќа во која нема ред секогаш ќе привлекува несреќа и неволја.

Специјалисти за биоенергија во фенг шуи, па дури и психолози тврдат дека неред во куќата значи неред во главата!


Неред во ходникот

Секогаш треба да започнете со ходникот, бидејќи според правилата на Фенг Шуи, ова е централниот автопат на куќата. Старите чевли, велосипеди, колички, облека и чадори често прават „гужва“. Нередот во ходникот значи дека во куќата ќе има постојана кавга, беспарица, а жителите ќе сакаат да „избегаат“ од неа.

Ако го исфрлите ѓубрето, старите чевли, ако ги средите јакните и чадорите, ги поправите велосипедите, ќе и го „исчистите патот“ на среќата, а таа ќе може да ви затропа на вратата.

Неред во бањата

Не е ни чудо што велат дека „бањата е лице на жената која живее во куќата“. А ако оваа соба е валкана, има мувла по плочките, расфрлана козметика, искинати крпи, тоа значи дека кај „домаќинката“ може да се појави комплекс со помала вредност. Со жена која има нормална самодоверба, која е задоволна со себе и од својот живот, бањата секогаш ќе свети. Каква е ситуацијата во бањата наутро, таков ќе ви биде денот.

Тоалет

Колку повеќе неред во тоалетот имаме, толку повеќе скриени тајни во нашите животи имаме. Чист тоалет значи да се ослободите од насобраниот гнев и проблеми во животот.

Неред во кујната

Кујната е извор на изобилство, енергија и благосостојба, таа е срцето на куќата. На крајот, нашата состојба зависи од тоа што јадеме, како и од расположението на човекот кој го подготвил оброкот. Ако кујната е полна со ѓубре, празни тегли, лименки на полиците, немојте да се чудите што не можете да се ослободите од вишокот килограми. Исчистете ја кујната и благосостојбата ќе влезе во вашиот дом. И финансиски и емотивно. Храната треба да се приготвува во чистота, удобност, среде светлина и само тогаш ќе донесе корист, а не штета.

Неред во дневната соба

Оваа соба е лицето на куќата, гостите се добредојдени во неа. Таа е одговорна за комуникација со остатокот од светот, ова е показател за тоа како пријателите и роднините го гледаат вашиот живот. Неред во дневната соба ќе доведе до расправија, недоразбирање меѓу вас и роднините и пријателите... Таквата расправија неминовно води до осаменост, отуѓеност и бескорисност. Дневната соба треба да ги „привлече“ добрите луѓе во вашиот дом, а среќата со нив. Не претерувајте, тоа може да предизвика конфузија во односите со другите луѓе. Колку повеќе светлина во дневната соба, толку подобро.

Неред во спалната соба

Ова е најинтимното место каде се „кова“ вашата лична среќа. Нередот во оваа соба може да доведе до несоница, кавги со саканата личност, проблеми во интимната сфера.

Експертите советуваат да се отстрани од спалната соба се што не е директно поврзано со спиењето и сексот. Телевизорот и компјутерот се сосема излишни во оваа просторија. Спалната соба треба да зрачи мир и спокојство.

Грижете се за она што го внесувате во куќата, а особено за она што го чувате со години. Не размислувајте многу и ослободете се од ѓубрето. Исфрлете ги од дома оние работи кои со години ги трупате и ве гушат. Чувајте ги спомените во вашата глава, а не во работите.


Извор: stil.kurir

Фото: Shutterstock

Симптоми на „болна куќа“: Влијае на вашето ментално и физичко здравје