Евтин колач за секој ден: Состојки кои сигурно ги имате во кујна

Добивај вести на Viber

Мек и вкусен, а евтин, колач во кој секојдневно ќе уживате...

Кога сакаме да подготвите десерт за гостите или за некои специјални прилики, обично одбираме скапи десерти, а кога бараме некој рецепт да им направиме благо на домашните, гледаме да е поевтин и поедноставен. Затоа, во продолжение ви претставуваме еден таков рецепт!

Состојки:

3 јајца;

50 грама шеќер;

60 милилитри масло;

200 милилитри млеко;

половина лажичка ванилин шеќер;

350 грама брашно;

една лажичка прашок за пециво;

три черити големи лажици „Нутини“ крем.

Подготовка:

Во сад изматете ги трите јајца и шеќерот. Потоа додадете ги маслото и млекото, ванилиниот шеќер и добро измешајте. Додајте го брашното и прашокот за пециво и полека мешајте додека состојките не се соединат, а потоа смесата истурете ја во тавче за печење.

Во кеса или шприц за уркасување сипете од „Нутини“ кремот, па врз смесата истискајте го во цик - цак линии или направете некои други шари по желба.

Колачот печете го околу половина час во загреана рерна на 180 степени, почекајте малку да се олади, па исечете го.

фото: Pixabay.com