Фарбање јајца со салфетки: Само на овој начин ќе ги добиете најубавите мермерни шари (ВИДЕО)

Добивај вести на Viber

Оваа година пробајте малку поинаков начин на фарбање јајца.

Велигден се ближи и време е да размислиме како да ги бојадисаме и украсиме јајцата оваа година.

Ви ја предлагаме оваа прекрасна и многу едноставна техника. За да ги добиете најубавите шари од мермер, потребни ви се само неколку состојки и околу половина час:

Потребни состојки:

јајца

салфетки

гел боја

оцет

масло

Подготовка:

Варете ги јајцата околу 6-7 минути во солена вода. Извадете ги и убаво избришете ги.

Потопете ја гел бојата во топла вода за да стане течна, а потоа со неа направете ја саканата шема на салфетката, а потоа завиткајте го јајцето во неа. Салфетката посипете ја со оцет да се растопи убаво бојата и оставете ги јајцата во неа околу 20 минути.

Извадете ја салфетката и ставете ги јајцата во сад. Премачкајте со масло.

Погледнете го видеото за да видите како изгледа целиот процес: