Феноменален трик: Престана да ги купува овие 3 работи и заштеди 5.000 евра

На овој начин ќе ги преполовите трошоците

Ако се прашувате како да заштедите пари, вие сте на вистинското место.

Кумико Лав е сопственичка на блогот „Мама на буџет“, кој е многу популарен, и сподели стратегија со своите читатели што и помогна да заштеди повеќе од 5.000 долари за осум месеци.

Таа вели дека првиот чекор бил клучен за нејзиниот успех, кога седнала, пресметала на што ги троши своите пари и решила да се откаже од три работи, за почеток. Еве што престанала да купува прво:


Нова облека

„Кога престанав да купувам облека, автоматски имав помеѓу 200 и 300 долари повеќе на мојата сметка секој месец. Прво тоа си го забранив целосно, а потоа поставив месечен буџет од 35 долари само за да ги заменам искинатите работи, како што се чорапи или долна облека“, вели таа.

Лео вели дека тие осум месеци без да купи нова гардероба и овозможиле да разбере што всушност сака да носи.


Достава на храна

Како новопечена мајка, Камико изјави дека немала многу време за готвење, па јадела храна доставена од ресторанот најмалку пет или шест дена во неделата.

Кога престанала да го прави тоа, имала дополнителни 300 доалри месечно. Следниот чекор бил внимателно планирање оброци и купување намирници.

„На крајот, од 800 долари месечно потрошени на храна, дојдов до само 400“, рече таа.


Брендирани артикли

„Храната беше голема ставка во моето трошење, а потоа ја направив и најважната работа. Престанав да купувам познати брендови кога станува збор за храна и започнав да ги купувам нивните локални варијанти. Сфатив дека цело време бев "зависник" од производи со купување на иста храна, но во верзијата што ја понуди локалната самопослуга со својот потпис, заштедив многу пари“, рече таа.


Лав наведува дека секој што сака да заштеди мора прво да направи две работи. Да се ​​најде неговото „зошто“ - причина и мотивација да престанете да „фрла“ пари и да заштеди одредена сума, како и да води дневник за заштеда во писмена форма за да имате увид во парите.


Фото: Shutterstock

Можеби ќе ве интересира:

Да се биде без пари и сиромашен не е исто: Искуство на жена која успеа да врати долг и да оствари профит