(ФОТО) Бојана Скендеровски прослави роденден со најблиските: Среќна сум со сè што добивам и губам

Пејачката и водителка Бојана Атанасовска, сега Скендеровски, ужива во бракот со сопругот Васко со кого ги има ќерката Искра и синот Ѓорѓи.

Токму сопругот е заслужен за изненадувањето кое таа вчера го доби по повод нејзиниот 37-ми роденден.

- За мене единица мерка за среќа се емоциите,јас сум среќна жена кога ќе пребројам во која количина ги добивам и враќам секојдневно тие емоции...

Среќна сум со се што добивам и губам,грешам,и со се во што сум безпрекорна,плачам и се смеам на цел глас!
Денес полнам 37 години,и се што научив до сега е дека љубовта со љубов се враќа,а доброто што го правите за некој друг,ја зголемува вашата лична среќа!
На здравје пријатели,Ве сакам! - напиша Бојана под низата фотографии од семејната прослава.


Неодамна и нејзниот сопруг славеше роденден, а пејачката му посвети емотивна порака.