(ФОТО) Дали Бред Пит ја замени Анџелина Џоли со 32 години помлада девојка?

Откако, пред две години, Бред Пит и Анџелина Џоли ставија крај на бракот, медиумите славниот холивудски актер го поврзуваа со бројни припаднички на поубавиот пол.

Светските медиуми, бидејќи прво го „смирија“ со поранешната сопруга Џенифер Анистон, сега 53-годишниот актер го доведуваат во врска со 32 години помлада колешка британската актерка Ела Парнел.


Пит Ела ја ангажирал во својата нова серија  "Sweetbitter", и планира лично да ја подучува и подготвува за улогата.


Меѓутоа, она што на сите најмногу им паѓа во очи и околу што се согласни е дека Ела неверојатно личи на поранешната сопруга на Бред Анџелина Џоли.